Конференција „Агендата за проширување – Достигнувања и предизвици во реформата на јавната администрација“

Објавено на 2015-10-28 10:37:28

Фондацијата Фридрих Еберт – Канцеларија во Скопје, Прогрес - Институт за социјална демократија и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) со голема чест ве покануваат да учествувате на конференцијата со наслов „Агендата за проширување – Достигнувања и предизвици во реформата на јавната администрација“ која ќе се одржи на 29 октомври 2015 година (четврток), во хотелот Холидеј ин, Скопје со почеток во 09.30 часот.

Повод за одржувањето на конфенцијата е објавувањето на годишните Извештај за напредокот и Агендата за проширување на Европската комисија за 2015 година. Имајќи ги предвид зајакнатиот фокус на ЕК врз реформите во јавната администрација, како и воспоставувањето на критериуми за проширување кои ја препознаваат и истакнуваат потребата од воспоставување државна администрација којашто ги спроведува принципите на добро владеење и ефективно транспонирање и импементација на acquis communautaire, целта на Конференцијата ќе биде да ги разгледа и критички да се осврне на достигнувањата на Република Македонија во исполнувањето на заложбите за обезбедување на задоволителни јавни услуги и унапредување на конкурентноста и развојот на земјата.

За овие интересни теми поканивме релевантни говорници и гости, меќу кои и претставник на Европскиот парламент/Европската комисија, претставници на заедничката иницијатива на ОЕЦД и Европската унија за Поддршка за напредокот во владеењето и управувањето (СИГМА), претставници на македонските државни институции, пратеници од Собранието на Република Македонија кои се задолжени за координација и следење на интегративниот процес, како и претставници на академската зедница, граѓанското општество и реалниот сектор.

Доколку имате дополнителни прашања или сакате да го потврдите вашето присуство, сторете го тоа на електронска пошта на адреса contact@progres.org.mk  или на телефон 02/3061770.

 

Со почит,

ФЕС-Скопје, Прогрес и МЦЕО

Архива