Повик за учество - Размена на искуства помеѓу СДММ и Социјалдемократската Младина на Финска (Краен рок за аплицирање е 5 февруари)

Објавено на 2015-01-24 15:25:35

Повик за учество во проектни активности во 2015

 

Овој допис ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да биде испратен и искомунициран со сите ЛК на СДММ од страна на СДММ. За истиот треба да бидат информирани членовите на локалните клубови на СДММ во Македонија што е задача на локалните клубови.

 

Прогрес Институт и Калеви Сорса Фондација од Финска во рамките на својата соработка развија платформа за размена на искуства, заедничко учење и меѓународно вмрежување помеѓу Социјалдемократската Младина на Македонија и Социјалдемократската Младина на Финска.

 

Целта на овој проект е да се разменат знаења и искуства на двете младини во делот на зголемување на транспарентноста, демократијата и учеството во политичките активности во двете различни општества. По десет млади социјалдемократи од двете земји ќе земат учество во проектните активности во рамките на оваа меѓупартиска платформа.

 

Критериуми за аплицирање:

 

- Член на СДММ
- До 28 години
- Задолжително напредно познавање на англискиот јазик (интервјуто ќе се одвива на англиски јазик)
- Мотивираност за дисеминација на стекнатото знаење и искуство во својот локален клуб
- План за идна иницијатива во својот клуб врз база на искуството што би го стекнал/а доколку биде дел од проектот
- Солидно познавање на историјата и политичкиот систем на Македонија
- Базично познавање/запознаеност на историјата и политичкиот систем на Финска
- На овој повик не можат да аплицираат лица кои се во организациите кои го спроведуваат проектот (Калеви Сорса Фондација и Прогрес Институт).

 

Начин на аплицирање:

 

- Мотивационо писмо
- CV
- Дополнително стекнати сертификати од обуки на домашни и меѓународни школи (Скенирани)

 

Погоре наведените документи испратете ги на:

toshe.zafirov@progres.org.mk

 

Процесот на аплицирање ќе се врши исклучително по електронски пат. Апликации по пошта нема да бидат примени ниту разгледани.

 

Фази на селекцијата:

 

1. Ќе биде направена предселекција врз основа на CV, мотивационо писмо и стекнати сертификати. За резултатите од предселекцијата сите кандидати ќе бидат известени по е-маил.

2. Кандидатите кои ќе ја поминат предселекцијата ќе бидат повикани на интервју. Финалната селекција ќе биде направена врз основа на интервјуто. За финалните резултати ќе бидете известени по е-маил.

 

* Родовата, етничката и географската застапеност задолжително ќе бидат земени во предвид при селекцијата.

 

Севкупната комуникација ќе се одвива по е-маил, Ве молиме проверувајте го ваштио е-маил редовно.

 

Ве молиме без телефонски повици и комуникација преку социјалните медиуми.

 

Временска рамка:

Фаза 1: Пријавување 23.01.2015 – 05.02.2015, повикот се затвора во 24:00 часот на 5ти февруари. Пријавите добиени после таа дата нема да бидат разгледани.

Фаза 2: Интервјуа 10 – 13.02.2015. Повиканите на интервју ќе бидат известени преку е-маил за датата и часот на интервју.

Финални резултати: Најдоцна до 20.02.2015

Архива