Обезбедување на базичните предуслови за демократска Македонија

Почитувани,
Прогрес Институтот за социјална демократија, Меѓународниот Центар Олоф Палме и Партијата на Европски Социјалисти имаат чест да Ве поканат на меѓународната конференција „Обезбедување на базичните предуслови за демократска Македонија“ која ќе се одржи на 29 февруари 2016 (понеделник) во сала Милениум I во Хотел Холидеј ин во Скопје со почеток од 10:00 часот.
Во прилог Ви ја доставуваме агендата за настанот.
За да го потврдите Вашето присуството испратете ни маил или доколку имате прашање можете да не контактирате на 02 30 61 770.